Кузмановски: Грешките ни се повторуваат, сами сме одговорни за поразот од Вардар


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Во ракометното дерби во Скопје, Вардар славеше победа над тимот на Пелистер, по што капитенот на битолскиот тим, Филип Кузмановски, отворено го изрази своето мислење со самокритичен тон.

Кузмановски објасни дека вардари не ги изненадиле со ништо ново во нивната игра. Причината за неуспехот е препишана на нивните сопствени пропусти и недоволната концетрираност на неговиот тим.

„Ни се повторуваат истите грешки. Вардар не не изненади со ништо, самите сме виновни, треба добро да анализираме и да ги решиме нашите проблеми ако сакаме да се вратиме“, вели Кузмановски.

Фото: RK Eurofarm Pelister