Лајпциг го избрка тренерот: Розе си замина по лошите резултати!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


По серија на лоши резултати, Лајпциг го отпушти тренерот Марко Розе и оваа одлука ја сподели со навивачите и љубителите на фудбалот.

Најпрво треба да се спомене дека клубот забележа само две победи во последните единаесет натпревари во Бундеслигата, падна на шестата позиција на табелата, но позитивната работа е тоа што зоната за Лигата на шампионите сè уште не е далеку.

Освен тоа, само три освоени бода во Лигата на шампионите се навистина разочарувачки резултат за германскиот клуб, што сопствениците очигледно не му го простија на Розе, и покрај тоа што екипата ќе игра барем во полуфиналето на Купот…

И неговите помошници ќе мора да го напуштат Лајпциг, кој ќе соопшти кое ќе биде привременото решение до крајот на сезоната.

.