Ла Лига повторно сака еден натпревар да се одигра во САД, овај пат клубовите не го одбија тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Управата на шпанската Ла Лига изминатата сезона посакаа барем еден натпревар од шпанското првенство да се игра во САД, но клубовите го одбија тоа.

Ла Лигата сакаше на почетокот на оваа година натпреварот помеѓу Барселона и Жирона да се одигра во Мајами, но каталонските клубови го одбија тоа. На многумина не му е јасно зошто има потреба мечевите од шпанската лига да се играат во Америка, но и покрај тоа управата на Ла Лига не се откажува од оваа идеа.

Новиот план на управата на шпанската лига е еден натпревар да се одигра во Америка. Градот кој би ги вдомил шпанските клубови е Мајами, а натпреварот би се одвивал на стадионот Хард Рок.

Ла Лига има план во Мајами за бодови да се борат Атлетико Мадрид и Виљареал, но овој меч е дури на 8. Декември. Во нивна корист е тоа што управите на овие клубови немаат ништо против таа идеа.

„Се надеваме дека тоа може да се оствари и ќе видиме дали нашиот клуб ќе игра во Мајами. Со Атлетико се договоривме тоа да се случи, но секако треба согласност од двете страни. Би сакал тоа да се случи,бидејќи Ла Лига би имала голема корист од тоа, тоа е одлична промоција во Америка“, рече претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг.