„Лага, лага и лага! 90 проценти од филмот за Џордан е измислен, с**ње!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако во претходниот период можеа да се прочитаат само позитивни критики за докуметарната серија „Последниот танц“, која го опишува животот и последната сезона на Мајкл Џордан во Чикаго, има и такви кои не се воодушевени.

Еден од нив е Хорас Грент, поранешниот крилен центар на Чикаго, кој учествуваше во освојување на првите три шампионски титули од 1991 до 1993 година.

Грент даде интервју за „Последниот танц“, а дури подоцна реагираше на работите кои не му се допаднаа

„Сакам да кажам дека документарецот е забавен, но ние кои му бевме соиграчи знаеме дека 90% од тоа е с**ње. Лага, лага, лага… Ако Џордан нешто ми замерува, нека дојде да разговараме како луѓе. Авторот на книгата, Сем Смит и јас сме добри пријатели, но никогаш не би откривал тајни од соблекувалната“, кажа Грент.