Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерите на Лајпциг беа поразени на домашен терен со 0-1 од Ајнтрахт Франкфурт во 17. коло од германската Бундеслига, а мечот го одбележа и дебито на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Гостите го постигнаа голот за победа уште во седмата минута преку Анзгар Кнауф, а Лајпциг почна да се буди во продолжение од средбата и имаше голем број шанси.
Елмас влезе во игра во завршницата од мечот, но немаше доволно време да направи нешто посериозно и да го спаси тимот од пораз.