Лампард бесен на ВАР-системот: Ја уништува душата на навивачите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стратегот на Челси, Франк Лампад не беше задоволен по поразот на неговата екипа од Манчестер јунајтед со 0-2, па кажа дека ВАР-технологијата ја уништува душата на навивачите и изрази незадоволство поради судиските одлуки.

На тимот на Лампард му беа поништени два голови, со што Челси стана втор тим на кој му се случило тоа во англиското првенство, по Шефилд јунајтед против Брајтон во декември.

„Го погледнав тоа повторно и ВАР е тука токму за тоа, но тие не беа добри. Мегваер требаше да добие црвен картон, тоа е јасно и очигледно ќе го променеше текотна натпреварот. Судијата во ВАР-собата не беше воопшто добар“, вели Лампард.