Лампард доби дозвола да преговара со Челси (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси како замена за Маурицио Сари ќе го донесе Френк Лампард, кој го споменуваат долго време англиските медиуми, а неговиот сегашен клуб Дерби каунти, објави дека ќе му дозволи да преговара со лондонскиот гигант.

Лампард играше на „Стемфорд бриџ“ цели 13 години, а со 211 гола е најдобриот клупски стрелец во историјата, а сега во поход на нови рекорди ќе тргне како тренер на „сините“.

Тој сезонава ги изненади сите, откако го однесе Дерби до финалето на плејофот за пласман во Премиерлигата, кадешто загуби од Астон Вила.

Освен Лампард, во Челси треба да се вратат Мејсон Маунт и Фикајо Томори, кои минатата сезона беа на позајмица во Дерби.

Покрај нив, се шпекулира дека во Лондон ќе се вратат Рис Џејмс и Тами Абрахам.