Лампард потпиша со Евертон и ќе се обиде да му обезбеди опстанок во елитата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англичанецот Франк Лампард е нов тренер на Евертон, каде што ќе го замени Рафа Бенитез, кој имаше ужасни резултати со екипата и ја донесе на раб на испаѓање од лигата.

Поранешниот тренер на Челси потпиша две ипол годишен договор со Евертон, а своето деби со новиот тим ќе го има на „Гудисон парк“, во сабота, во мечот против Брентфорд.

Лампард ја почна тренерската кариера во 2018 година во Дерби каунти, во сезона во која играа финале на плејоф во Чемпионшип-лигата, по што следната година беше промовиран во тренер на Челси, но не се прослави во својот поранешен клуб.

„Голема чест ми е што ќе управувам со тим кој има традиција како Евертон. При разговорот почуствував страст, а се надевам дека и тие ја почуствуваа“, вели Лампард.