Лампард сакал да го донесе Халанд во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Франк Лампард ќе остане на кормилото на Челси до крајот на сезоната како привремен тренер, по отказот на Грем Потер.

Лампард во разговор со англиските медиуми откри дека на листата со желби го имал Ерлинг Халанд, кој во моментов игра одлично за Манчестер сити.

Норвешкото чудо од дете оваа сезона постигна 52 гола и најверојатно ќе ја освои наградата за најдобар играч во Премиерлигата.

„Сакав да го донесам во Челси. Сакам да гледам фудбалери кои се гласни за успех. Од наша страна, се обидов да го донесам, но не знам дали апетитот беше ист и на друго место. Конкуренцијата беше голема, но не знам дали тој ќе решеше да потпише за нас“, вели Лампард.