Лампард со една активност на социјалните мрежи го најави новото засилување на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френк Лампард го привлече вниманието на фудбалската јавност во Англија со еден негов потег на социјалните мрежи.

Имено, Лампард почна да го следи фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс кој веќе одреден период се поврзува со трансфер на „Стемфорд Бриџ“.

33 годишниот белгиски интернационалец ќе може како слободен агент да ја промени средината затоа што неговиот договор со тимот на Наполи ќе заврши ова лето.

Јасно е дека двете страни преговараат и голема е веројатноста дека Дрис Мертенс, по Хаким Зијеш ќе биде ново засилување на „сините“ од Лондон.