Лампард жртвува двајца за најдобриот пријател на Маунт?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што е познато, „плавите“ ја завршија работата околу пристигнувањето на Вернер и Зијех. Баер Леверкузен го блокира договорот за Хаверц поради висина на обештетувањето, но самиот играч донесе одлука дека посакува трансфер на „Стемфорд Бриџ“.

Следна желба на Лампард е Деклан Рајс, англиските медиуми денес пишуваат за начинот на неговото доаѓање.

Вест Хем има катастрофална сезона, се чини дека 21-годишниот фудбалер сепак ќе ги напушти. Рајс порасна во Челси, каде порасна заедно со Мејсон Маунт, а подоцна пријателството продолжи и во репрезентацијата на Англија. Да потсетиме дека тандемот беше предупреден за време на паузата на првенството поради непочитување на наредбите на клубот – тие беа фатени како играат фудбал во затворен простор со своите пријатели.

Начинот за трансфер на Рајс е следниот, Челси ќе понуди размена во Вест Хем – Батчуаи и Рос Баркли би оделе кај „Чеканите“ во замена за рајс. Англичанецот го подигна нивото на својата форма по продолжението на сезоната, додека напаѓачот помина незабележано.

Останува да се види како Лампард би го користел Рајс, „Чеканот“ може да игра како стопер, но и како дефанзивен играч од средниот ред.