Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед минатата сезона беше сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе Калиду Кулибали, но на крајот се одлучи да го ангажира Хари Мегваер затоа што Аурелио Де Лаурентис бараше над 100 милиони евра за неговите услуги.
Ди Марцио пренесува дека Кулибали дефинитивно ќе си замине од редовите на Наполи во летниот преоден рок и веројатно кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Сепак, Сенегалецот нема да се пресели на „Олд Трафорд“ туку би можел да го облече дресот на Евертон. Карло Анчелоти сериозно го посакува играчот во своите редови и како што пишува Ди Марцио неговите агенти веќе се во контакт со клубот од „Гудисон“.
Освен Евертон, за Кулибали се интересира и Тотенхем, а се споменува и негов можен трансфер во Њукасл.















