Лапорта: Чекаме одговор од Минхен за Левандовски!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона испрати понуда до Баерн Минхен за полскиот напаѓач Роберт Левандовски, а тоа го потврди претседателот на каталонскиот гигант Жоан Лапорта.

Левандовски на крајот на мај кажа дека неговата приказна со Баерн е завршена и сака да игра за нов клуб, иако има уште една година од договорот со Баварците.

„Испративме понуда и чекаме одговор. Ќе видиме дали ќе биде позитивен. Му се заблагодаруваме на Левандовски за тоа што покажа интерес за нашиот тим“, кажа Левандовски.

На крајот на јуни германски „Билд“ објави дека Барселона испратила понуда од 40 милиони евра плус пет милиони во бонуси.

Левандовски од 2014 година за Баерн постигна 344 голови во 375 меча во сите натпреварувања.