Лапорта го навредил Меси: Аргентинецот не сака да се врати во Барселона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кажа дека не планира да го врати Лионел Меси во клубот додека е на чело на каталонскиот гигант.

Меси се навредил поради тоа, па дури и да постои опција, сега не сака да се врати во клубот, а информацијата ја пренесуваат аргентинските медиуми.

Аргентинецот минатото лето си замина од Барселона по 21 година помината во тимот, но по преселбата во ПСЖ воопшто не се прилагоди и поради тоа често е критикуван од навивачите.

Медиумите шпекулираа за враќање во Барселона, но таквата опција ја отфрли Лапорта, кој кажа дека гради тим со млади фудбалери.

„Ние градиме нов тим, со млади фудбалери“, беа зборовите на Лапорта кои го навредиле Меси и предизвикале да не сака да се врати во клубот.