Лапорта им даде надеж за Меси, па Чави ги спушти на земја навивачите на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона почна да ги враќа долговите по радикалните потези кои ги презема претседателот Жоан Лапорта, а исто така тој им даде надеж на навивачите дека ќе го врати Лионел Меси.

Аргентинецот си замина од Барселона затоа што не можеше да потпише нов договор поради финансиските проблеми на клубот.

Лапорта кажа дека чувствува должност да го врати Меси во тимот, но тренерот Чави Ернандез смета дека тоа нема да се случи следната сезона, туку во блиска иднина.

„Не може да зборуваме за враќање на Меси во Барселона во моментов. Тој има договор со ПСЖ и такво нешто не е возможно, меѓутоа ќе видиме во иднина“, кажа Чави.

Меси има договор на уште една година со ПСЖ, па можеби идното лето ќе видиме негово враќање во каталонскиот гигант.