Лапорта кажа зошто Миротиќ си заминува од Барселона


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Барселона го прегази Реал Мадрид со 3-0 во големото финале и ја освои титулата во домашниот шампионат.

Каталонскиот гигант по крајот на сезоната се разделува со искусниот Никола Миротиќ, кој реши да побара нов ангажман, а тоа го потврди и првиот човек на клубот, Жоан Лапорта.

„Никола е фантастична личност и голем кошаркар. Ни донесе голема радост и успеси овие години, но дојде време за разделба“, кажа Лапорта.

Како следна дестинација на Миротиќ се споменува Црвена Звезда, која наводно му понудила 2,7 милиони евра годишна плата.