Лапорта: Манчестер сити и ПСЖ се пари за правење на пари, не се откажуваме од Суперлигата!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кажа дека не се откажал од проектот за европската Суперлига, иако таква била идејата со неговите колеги Флорентино Перез и Андреа Ањели.

Лапорта кажа дека има замерка на тоа што многу пари се вложуваат од арапските држави, САД и Кина и смета дека такви екипи не можат да го предводат европскиот фудбал.

„Работиме на проектот. Го промовиравме проектот заедно со Перез и Ањели. Европскиот фудбал може да се спаси со Суперлига. Не смееме да ги уништиме националните првенства и треба да се прилагодиме на барањата на УЕФА. Не може да дозволиме европскиот фудбал да ни го предводат тимови чии газди не се од Европската унија. Манчестер сити и ПСЖ се машини за правење пари и ние сме против тоа“, вели Лапорта.