Лапорта верува во успех против Баерн Минхен, но за тоа на Чави ќе му треба вистинско чудо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона одиграа 0-0 против Бенфика во средбата од петтото коло во Лигата на шампиони (ЛШ) и така пропуштија шанса да се пласираат во осминафиналето.

Иако ги задржаа двата бода предност, Барселона во последно коло ќе игра против Баерн Минхен на гостински терен и мора да слави за да не испадне од ЛШ.

Овие две екипи одиграа 12 меѓусебни натпревари, а баварците дури осум пати триумфираа, две средби завршија без победник, а само двапати Барселона славеше на домашен терен.

Каталонците никогаш не триумфираа во Минхен, туку само двапати останаа непоразени, додека три пати загубија.

Меѓутоа, претседателот на тимот, Жоан Лапорта најави дека Чави може да направи чудо на „Алијанц Арена“ и да се пласира во осминафинале на натпреварувањето.