Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси има договор со Барселона уште неколку месеци, по што ќе биде слободен фудбалер, но новиот претседател на клубот Жоан Лапорта има план како да го задржи Аргентинецот.
Лапорта ги добил деталните информации за финансиската ситуација на клубот и подговил понуда за Меси, а Барселона е свесна дека не можат да му понудат финансиски услови како ПСЖ и Манчестер сити, но сепак претседателот смета дека ќе го убеди да остане во тимот.
Меси наводно прифатил да заработува помалку отколку сега, но неговите приходи ќе се зголемуваат со подобрување на финансиската ситуација во тимот.
Се шпекулира дека Лапорта ќе се обиде да го убеди Меси со доведување на нов одличен напаѓач, тоа би можел да биде Ерлинг Халанд.