Лацио конечно пронајде квалитетна замена за Клосе

Заминувањето на Мирослав Клосе, во нападот на Лацио остана празнина која треба да се потполни со соодветно засилување.

Шпанскиот фудбалер Фернандо Љоренте наводно договорил премин на Олимпико и треба да биде првото засилување на новиот тренер Марсело Биелса на клупата на Небесно сините.

Љоренте во Севиља заработуваше речиси 4 милиони евра по сезона, а Лацио за три годишен договор ќе понуди помала плата од 2.5 милиони евра годишно.

Фернандо Љоренте во својата кариера настапуваше за Атлетик Билбао, Јувентус и Севиља, за која екипа во минатата сезона постигна четири погодоци во 23 натпревари во Примера.