Лаутаро се изнервира поради Конте, па реши да се пресметаат во бокс-меч! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер синоќа на домашен терен ја совладаа Рома со 3-1 во мечот од 36. коло во италијанската Серија А.

Интер одамна ја обезбеди титулата во Италија, која доаѓа на „Меаца“ по 11 години пауза. Меѓутоа, и покрај тоа фудбалерите на тимот не прекинаа со одличните настапи.

Интер славеше против Рома со 3-1, меѓутоа во центар на внимание беше инцидентот од 77. минута, кога Антонио конте го повлече Лаутаро Мартинез од игра.

Лаутаро се изнервира поради потегот на Конте и се бунеше додека излегуваше од теренот, па на утринскиот тренинг тие двајца решија да ги расчистат сметките. Секако, на шега, организираа бокс-меч во кој се пресметаа еден со друг.