Лавовите сериозно го ценат Руи Патрисијо - Пеп дава 7 милиони, Спортинг бара 20 милиони

Португалскиот клуб не сака лесно да се откаже од голман кој ќе наполни деценија во првиот тим.

Руи Патрисијо со фантастичните одбрани на ЕП му донесе титула на Португалија, а сега е на радарот на англиските клубови. Од Челси и Ливерпул до Манчестер Сити кој последно изрази желба за голманот.

Португалските медиуми соопштија дека Гвардиола е спремен да понуди 7 милиони, но Спортинг Лисабон кажа НЕ и бара 20 милиони евра.

Поточно, Жесус е спремен да се ценка со граѓаните. Но, почетната цена е висока, а само клуб кој е спремен да ја плати таа цена може да преговара со португалскиот клуб.