Лазаров: Нема дилема, ова ќе биде моја последна сезона како ракометар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот селектор и ракометар на Нант, Кире Лазаров даде интервју за сајтот на францускиот тим во кој го потврди тоа што претходно се најавуваше, а тоа е крај на кариерата како ракометар по завршување на следната сезона.

Лазаров по завршување на сезоната 2021/22 ќе се пензионира на 42-годишна возраст и ќе се посвети само на тренерската кариера.

„Ова ќе биде моја последна година, тоа е сигурно, донесов конечна одлука. Кога ќе почнете да броите, поминаа многу години, но најважно е тоа што се чувствувам добро во своето тело, немам никаква болка. Секогаш се обидував да бидам професионалец. Секогаш се чувствував во добра форма, го сакам спортот, сакам ракомет и сакам да завршам без потешкотии“, кажа Лазаров за сајтот на Нант.