Лазаров влезе во „Куќата на славните“ на ЕХФ!


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Македонската ракометна легенда и селектор, Кире Лазаров ја доби честа да се најде меѓу првите 30 ракометари кои ќе бидат примени во „Куќата на славните“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

На вечерашната церемонија во Виена ќе бидат примени ракометарите во „Куќата на славните“, а Лазаров е еден од тројцата десни бекови кои ќе влезат во историјата.

Меѓу ракометарките кои ќе влезат во историјата нема Македонка, но има ракометарки кои настапувале во македонски тимови, како што се Ања Алтхаус и Едуарда Аморим Талеска.