Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Лука Дончиќ беше избркан од Далас и веднаш од Лејкерс направија тим кој е способен да атакува титула во НБА лигата. Ги однесе на трето место на Западот, ги чека серија со Минесота, а пред сето тоа Словенецот имаше една многу емотивна вечер. Тоа беше првиот натпревар во Далас откако беше испратен во Лос Анџелес. Не му беше лесно, плачеше, тешко го поднесе сето тоа.
Кога сето тоа помина, излезе на теренот и на поранешниот тим му забележа 45 поени, а иако околу 20.000 луѓе му скандираа и бараа истовремено Нико Херисон да добие отказ, поединци сметаат дека е сето тоа само претворање. Тоа го изјави водителот Роб Паркер во емисија и го нападна Лука.
„Очигледно најголемата приказна во НБА беше враќањето на Лука, постигна многу поени, Лејкерс победија, имаше солзи, конфети и маички и сето тоа. Сакам да го кажам ова. Лука имаше крокодилски солзи, според моето мислење. Не верувам во ништо што направи, тоа беа лажни солзи, како да освоил осум титули и не може да поверува дека отиде од Далас“, започна Паркер.
Фото: Принтскрин