Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Се наѕира нова соработка меѓу НБА тимовите на Лос Анџелес Лејкерс и Далас, според наводите на бројни американски кошаркарски новинари.
НБА лигата беше буквално потресена од неодамнешната размена на овие два клуба по која словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го напушти Далас и се пресели во Лос Анџелес. Иако ги зајакна редовите на Лејкерси и прогнозите велеа дека Дончиќ и ЛеБрон Џејмс би можеле да ја одведат екипата до крајот на тековното плејоф, клубот беше елиминиран од Минесота во првиот круг со пораз од 1-4.
Во таа серија се покажа дека на Лејкерси им недостасува вистински играч на централната позиција, на пример, во последниот натпревар играчот на Минесота Руди Гобер постигна дури 27 поени со 24 скока и две блокади, а во таа насока се и најавите за новата соработка.
Од Далас во Лејкерс требаше да премине 26-годишниот центар Даниел Гафорд, кошаркар кој претходно играше за Чикаго и Вашингтон. Клубот од Лос Анџелес очигледно сака на својата нова ѕвезда Дончиќ да му донесе познат играч со кој одлично соработуваше во Далас.
Во спротивна насока треба да премине 27-годишниот јапонски играч Руи Хачимура, кој оваа сезона за Лејкерс постигнуваше 13.1 поен по натпревар со пет скока.