Леброн блесна против Денвер и му донесе финале на Лејкерс по 10 години! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс повторно е во големото финале, каде што изброи место по победата против Денвер нагетс од 117-107.

Денвер беше добар во текот на целата финална серија на Западот, но едноставно Лејкерс беа подобар ривал и заслужено изборија пласман понатаму.

Леброн Џејмс беше неверојатен и стигна до нов трипл-дабл со 38 поени , 16 скокови и 10 асистенции, додека кај Нагетс најдобар беше Никола Јокиќ со 20 поени и седум скокови.

Лејкерс во финалето на НБА-лигата го чекаат подобриот од дуелот меѓу Мајами хит и Бостон селтикс, а таму води со 3-2 тимот од Флорида.