Леброн Џејмс го одигра најдобриот меч за Лејкерс и го наполни кошот на Голден Стејт


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс синоќа на домашен паркет беа подобри од Голден Стејт вориорс со 124-116, а одличен меч одигра Леброн Џејмс.

Во „Стејплс Центарот“ се играше фантастичен меч од самиот почеток. Лејкерс ја доби првата четвртина со 32-25, но Голден Стејт беше одличен и на полувреме замина со 67-62.

И во третата четвртина продолжи големата борба, а екипите се менуваа во водство, но сепак Лејкерс беше подобар во финишот и славеше со 124-116.

Џејмс одигра неверојатен меч и успеа да постигне 56 поени, а притоа да запише и 10 скокови и шест асистенции, додека него го следеше Расел Вестбрук со 20 поени, четири скокови и исто толку асистенции. Кај воините најефикасен беше Стеф Кари со 30 поени.