Леброн Џејмс испадна од топ-5 кошаркари во НБА-лигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс повеќе не е во најдобрите пет кошаркари во НБА-лигата според најновата ранг-листа на „ЕСПН“.

„ЕСПН“ објави дека во топ-5 се наоѓаат Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Адетокумпо, Стеф Кари и Џоел Ембид, додека Леброн од третата позиција испадна од најдобрите пет.

Засега не е познато на која позиција се наоѓа американскиот кошаркар затоа што „ЕСПН“ сè уште не ги објави имињата на играчите од шестата до 100. позиција на листата.