Леброн Џејмс потпиша нов договор со Лејкерс и влезе во историјата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот кошаркар Леброн Џејмс потпиша нов договор со Лос Анџелес Лејкерс и ќе заработи 97,1 милион долари за две сезони.

Во договорот се наоѓа уште една клаузула, па така на „Кралот“ ќе му се зголеми платата за 15 отсто ако биде трејдуван во друга екипа.

По потврда за соработката, Џејмс од договори во НБА-лигата заработи вкупно 532 милиони долари и таму е лидер со тоа што го премина Кевин Дурант.

Џејмс е играч на Лејкерс од 2018 година, а во богатата кариера која трае од 2003 година освои четири шампионски титули, четири пати беше МВП, четири пати беше МВП и на финалето, а дури 18 пати настапи на Олстарот.