Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс повторно се повреди и тоа во градското дерби против Лос Анџелес клиперс.
Популарниот кошаркар синоќа постигна 23 поени во поразот на Лејкерс од 106-111, но во текот на првата четвртина доби силен удар во препоните.
„Се чувствував добро на стартот на мечот, но во првата четвртина добив удар со колено во препоните од Беверли и тоа ми ја врати претходната состојба во која бев пред пет дена“, кажа Џејмс.
Американските медиуми пишуваат дека постои голема веројатност Лејкерс да не ризикува со својот најдобар кошаркар и тој најверојатно ќе паузира во следните два меча, кои се играат на 29 и 30 декември против Портланд и Далас.