Леброн го одигра најдобриот меч во сезоната, Лејкерс почна да се буди по лошиот старт (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс минатата ноќ триумфираа со 143-138 против Сан Антонио спарс и така почна да се буди поранешниот шампион.

Најефикасен во мечот беше Леброн Џејмс, кој го одигра најдобриот меч оваа сезона и постигна 39 поени и 11 скокови, а расположен беше и Денис Шредер со 21 поен и шест асистенции.

На спротивната страна најефикасен беше Келдон Џонсон со 26 поени и 10 скокови, додека Тре Џонсон постигна 23 поени и 13 асистенции.

Торонто успеа да оствари побда против Далас маверикс со 105-100, а ова беше една од најинтересните средби минатата ноќ.

На останатите дуели Хјустон го совлада тимот на Оклахома со 118-105, додека Феникс беше подобар од Јута со 113-112.