Леброн испрати порака до сите кои го критикуваат Лејкерс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс следната сезона ќе има моќна екипа и ќе се обиде да ја освои титулата во НБА-лигата.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис од следната сезона за колеги ќе ги имаат Расел Вестбрук, Кармело Ентони и уште неколку кошаркари.

Многумина го критикуваа Лејкерс затоа што немаат млади кошаркари, па поради тоа следеше и реакција од страна на Леброн.

„Продолжете да зборувате за мојот тим и нашите години. Направете ми услуга, ве молам. Продолжете да зборувате и да ја имате таа енергија кога ќе почнат натпреварите. Само тоа го барам од вас“, вели Џејмс.