Леброн ја освои НБА-лигата, па се почести со нов автомобил од – 1,5 милиони долари! ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс пред неколку дена ја освоија својата 17. титула во НБА-лигата, откако во финалната серија го победија Мајами хит со 4-2.

Лејкерс на крилјата на Леброн Џејмс успеаа повторно да дојдат до титулата по пауза од една деценија. Тој и на 35 години покажа дека е најдобар во светот.

Дел од кошаркарите решија да се почестат по новата титула, но Џејмс ги надмина сите. Кошаркарот на Лејкерс си купи нов автомобил, кој го платил неверојатни 1,5 милиони долари.

Леброн си купи Мерцедес-Мајбах Г650 со специјална опрема. Оваа серија е произведена само во 99 примероци и Џејмс сега е сопственик на еден од нив.