Леброн ќе игра со Јокиќ и Дончиќ на Олстар-мечот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На три недели пред Олстар-викендот во НБА-лигата беа објавени стартните петорки од главниот натпревар кој се игра во Индијанаполис.

Капитен на Западната конференција е Леброн Џејмс, а покрај него ќе играат Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Кевин Дурант и Шеј Гилџес-Александер.

Истокот ќе го предводи Јанис Адетокумпо, а покрај него ќе бидат Тајрис Халибартон, Дејмијан Лилард, Џејсон Тејтум и Жоел Ембид.