Леброн направи тим од соништата: Сите сакаат титула со Лејкерс, потпишаа и смешни договори!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс разочараа минатата година и не ја одбранија шампионската титула во НБА-лигата затоа што загубија во плејофот, а сега ангажираа нови засилувања за да не им се случи тоа.

Речиси нема сомнеж дека за сите кошаркари реагирал Леброн Џејмс, па така Лејкерс состави екипа која ќе биде страв и трепет за сите.

Актуелниот состав на Лејкерс, комбинирано има дури 59 настапи на Олстар-меч, а тоа е повеќе од било која друга екипа во историјата на американската кошарка.

Пристигнаа Расел Вестбрук, Кармело Ентони, Кент Бејзмор, Вејн Елингтон, Двајт Хауард, Малик Монк, Ражон Рондо и Кендрик Нан, а тимот веќе ги има Џејмс, Ентони Дејвис и Марк Гасол.

Некои од овие кошаркари се согласија и на помалку пари само за да ја освојат титулата со Лејкерс.