Леброн не знае да губи: Во солзи го напушти теренот и не им честиташе на ривалите! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн Џејмс покажа дека не знае да губи, а по поразот од Феникс санс почна да плаче и избега од теренот без да им честита на противниците.

Кошаркарите на Феникс направија големо изненадување и го елиминираа шампионот Лос Анџелес Лејкерс со 4-2, а Девин Букер имаше неверојатен шести меч во кој постигна 47 поени.

Џејмс беше најдобар на спротивната страна и постигна 29 поени, девет скокови и седум асистенции, но за првпат во својата кариера испадна во оваа фаза на натпреварувањето.

По натпреварот можеше да се забележат солзи во очите на Леброн, но не и спортско однесување какво што би му доликувало на секој шампион.