Леброн падна на колена по неправдата поради која Лејкерс остана без триумф (Видео)

Бостон селтикс славеше во дербито против Лос Анџелес лејкерс по продолженија, но неправдата која му се случи на Леброн Џејмс на истекот на регуларниот дел е главна тема.

Леброн тргна сам да постигне кош и беше на добар пат, но доби удар во раката од Тејтум, а судиите не досудија слободни фрлања кои можеа да им донесат триумф на Лејкерс.

Американскиот кошаркар беше гневен и неговата реакција доволно зборува. Тој бараше прекршок, по што падна на колена.

„Повторно ни се случува вакво нешто. Не можам да го разберам тоа. Играм кошарка секој ден, ова е чудно“, вели Леброн.