Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес Лејкерс го доби четвртиот меч од финалната серија против Мајами хит со 102-96 и сега води со 3-1.
Натпреварот беше израмнет за разлика од претходните дуели. Тимовите постојано се менуваа во водство до третата четвртина, кога Леброн Џејмс со неколку одлични потези му донесе предност од шест поени на Лејкерс (63-57).
На крајот славеше екипата од Лос Анџелес со 102-96, а Џејмс постигна 28 поени и 12 скокови, додека Ентони Дејвис имаше 22 поени. Од другата страна најдобар беше Џими Батлер со 22 поени.
Лејкерс го дели само еден триумф до освојување на 17. титула во најсилната кошаркарска лига.