Легенда на Челси го спречи Бејли да оди во Сити


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега веќе поранешниот фудбалер на Виљарерл Ерик Бејли во ова лето потпиша за Манчестер Јунајтед.

Овој 22-годишен репрезентативец на Брегот на Слоновата коска се одлучи својата кариера да ја продолжи во дресот на Црвените ѓаволи иако беше на чекор од Манчестер Сити.

Сепак, Бејли откри кој го спречи да го облече дресот на Граѓаните.

„Се договорив Сити, но тогаш разговарав со Дидие Дрогба. Тој ме сотуваше да одам во Манчестер и да работам со Мурињо. Убаво ми раскажа како него Мурињо му помогна во кариерата и не требаше долго да ме предомисли. Истотака, подоцна Јаја Туре ме повика во Сити, но јас веќе се одлучив да одам на Олд Трафорд“, рече Бејли.

Манчестер Јунајтед овој дефанзивец на шпанската екипа го плати 30 милиони фунти.

Истотака, покрај клубовите од Манчестер овој играч беше на мета на Барселона и Реал Мадрид.