Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон, изјави дека играчот на тој тим, Лука Дончиќ, мора да сфати дека не игра за Далас и дека никој во клубот не треба да му каже дека мора да биде во форма, туку за тоа самиот треба да се грижи.
Дончиќ неочекувано во февруари беше разменет од Далас во Лос Анџелес Лејкерс. Таа размена го изненади словенечкиот кошаркар, но и целата НБА лига и навивачите, а Џонсон рече дека со преселбата во Лос Анџелес требаше да дојде и промена во начинот на размислување.
– Лука мора да сфати дека ова не е Далас. Коби, нека почива во мир, тој беше суперзвезда која не предводеше, Шек не водеше до титула, Леброн не водеше. И тоа е она што овде недостига. Не би требало да ви велиме да бидете во форма, за тоа вие треба да се грижите, така? Особено кога сте суперѕвезда – рече Џонсон за ESPN.
На неколку наврати Дончиќ беше критикуван за вишок килограми, а тој по завршувањето на сезоната во НБА лигата работеше на тоа и тренираше во Љубљана, пренесе Баскетњуз.
Фото: Принтскрин