Легенда на Ливерпул ќе го замени Гвардиола во Манчестер сити


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Манчестер сити веќе размислува за замената на Пеп Гвардиола доколку искусниот стратег реши да го напушти гигантот на крајот на сезоната.

„Дејли Стар“ пишува дека главна желба на раководството на „граѓаните“ е актуелниот тренер на Баер Леверкузен и фудбалска легенда на Ливерпул, Чаби Алонсо.

Алонсо е еден од најдобрите млади тренери во Европа, а тоа го покажа минатата сезона со „фармацевтите“ откако ја освои германската Бундеслига.

Шпанецот веднаш беше поврзуван со кормилото на Реал Мадрид, но „кралевите“ решија да го задржат Карло Анчелоти со кој имаа многу успеси во изминатиот период.

Алонсо беше на листата со желби и на други екипи, како Баерн Минхен и Ливерпул, но на крајот гигантите си најдоа други тренери.