Легенда на Реал Мадрид е во љубовна врска со 15 години помлада хрватска новинарка 📸


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Еден од поранешните фудбалери на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Фернандо Хиеро беше забележан во друштво на мистериозна девојка во елитниот дел на Мадрид.

Поминаа три месеци откако дел од шпанските медиуми објавија фотографии од девојката, но сега конечно се откри дека станува збор за хрватската новинарка Фани Стипковиќ.

Оваа 39-годишна новинарка е родена во Хрватска, но долго време живее и работи во Шпанија, каде што изгради своја новинарска кариера.

Стипковиќ е популарна на социјалните мрежи, каде што ја следат околу два милиони луѓе, а конечно нема дилема дека овој пар е во љубов.

Неодамна беа снимени како заедно гледаат тениски меч во финалето на Дејвис Купот одигран во Мадрид меѓу Хрватска и Русија.

Стипковиќ минатата година направи и интервју со Хиеро пред мечот од Европското првенство (ЕП) меѓу Шпанија и Хрватска.