Легенда на Сити соопшти дека си оди, а Гвардиола се изненади кога дозна од новинарите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се изненади кога новинарите му кажаа дека Фернандињо ќе си замине од клубот на крајот на сезоната.

Искусниот фудбалер наскоро полни 37 години, па јасно е дека нема да добие повеќе шанса во премиерлигашот и затоа соопшти дека ќе замине од клубот.

Фернандињо ќе го напушти тимот по девет години, но нема намера да ја заврши кариерата, туку ќе игра во Бразил.

„Сакам да играм и затоа ќе се вратам во Бразил. Донесовме одлука со семејството, тоа ми е најважно“, кажа Фернандињо.

Неговиот потег го изненади Гвардиола на прес-конференцијата.

„Не сум знаел за тоа. Ќе видиме, треба да зборувам лично со него“, кажа Гвардиола.