Легендарен НБА-тренер се онесвести и итно беше префрлен во болница!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот со најмногу победи во историјата на НБА лигата, Грег Попович, падна во несвест во еден ресторан во Сан Антонио.

„Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, доживеа медицински инцидент во ресторанот во вторник навечер и сега е дома, стабилен е и добро се чувствува. Поповиќ имаше благ удар во ноември и го пропушти остатокот од сезоната“, напиша најпознатиот НБА новинар Шемс Чаранија и така ги загрижи сите НБА навивачи.

Според наводите на овој медиум инцидентот се случил околу 8:20 навечер по локално време. Неговиот живот не беше загрозен во ниту еден момент.

Фото: Принтскрин