Легендарен ракометар стигнува во Вардар како замена за Криштопанс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се уште актуелниот шампион, Вардар,  постигнал договор со искусниот српски ракометар, Марко Вујин.

Искусниот 36 годишен бек шутер е слободен агент откако по само една сезона си замина од редовите на Спортинг Лисабон.

Претходно Вујин седум години со огромен успех го носеше дресот на германскиот гигант Кил со кој освои неколку трофеи.

Вујин важи за еден од најдобрите балкански ракометари, па иако е во доцни години и има проблеми со повредите со сигурност ќе биде од голема помош за Вардар.

„Црвено црните“ на десната бековска позиција ги имаат и Томи Јагуриновски и Јосип Векиќ кои претходно ставија потпис на договор со Вардар.