Легендарниот Алесандро Дел Пјеро заврши во болница!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Најдобриот стрелец во историјата на Јувентус и еден од најдобрите италијански фудбалери досега, Алесандро Дел Пјеро, заврши вчера во болница.

Иако ги загрижи своите фанови и љубители на фудбалот, за среќа Дел Пјеро брзо ги увери сите и рече дека не станува збор за нешто што е премногу опасно.

Популарниот Ил Пинтуричио беше хоспитализиран поради болка во бубрезите, а подоцна беше утврдено дека станува збор за камен во бубрег.

„Сè уште не можам да верувам дека една мала работа од 3мм може толку многу да наштети“, рече Дел Пјеро, кој живее во Лос Анџелес веќе некое време.

Легендарниот фудбалер наскоро доби поддршка од Јувентус, клуб кој како вистински капитен не сакаше да го напушти дури и кога Бјанконерите завршија во Серија Б.

„Најдобри желби за брзо закрепнување“, му посакаа на Дел Пјеро од клубот од Торино.