Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Болидот на Ферари од 2003 година кој го возеше поранешниот шамион во Формула 1, Михаел Шумахер е продаден во Женева за 13 милиони швајцарски франци.
Аукциската куќа „Сотби“ потврди дека ова е рекордна сума за еден болид на Ф1 во новата ера, а претходниот рекорд исто така го држеше Шумахер и неговиот болид од 2001 година, кој беше продаден за 7,5 милиони долари.
„Ова е еден болид на Ферари со најмногу победи во историјата, па тоа е важно возило во автомобилската историја“, кажа Винсент Луизи.
Шумахер во 2003 година оствари пет победи во сезоната, откако славеше во Шпанија, Австрија, Канада, Италија и САД.