Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот Роналдо и португалскиот Кристијано Роналдо се борат за титулата „вистински“ Роналдо кај навивачите.
Португалецот пред себе имаше многу работа за да го стигне Бразилецот, но со тек на време успеа во својата идеја.
„Оригиналниот“ Роналдо беше израз со кој се опишуваше Бразилецот, кој трипати ја освои наградата на ФИФА за најдобар играч во светот.
Во текот на разговорот со Фабио Канаваро во живо на Инстаграм, Роналдо зборуваше токму на оваа тема.
„За Кристијано сигурно е досадно да се слуша дека јас сум вистинскиот Роналдо. Тоа е нешто што не се споредува. Кристијано ќе остане во историјата на фудбалот поради своите голови. Тој ќе остане еден од најдобрите, како и Меси“, кажа Бразилецот.