Легендарниот Федор ја заврши кариерата со – брутален нокаут! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најлегендарните борци во историјата на ММА ја заврши кариерата. Федор Емилијаненко по пет години конечно се бореше на свој терен, а со помош на публиката во Москва го претепа Американецот Тим Џонсон во првата рунда.

Нокаут на каков што не сме навикнале од Федор беше забележан по само две минути од почетокот на борбата, кога Русинот испрати неколку одлични удари.

Тоа му беше последна борба во кариерата на Федор, кој ќе се пензионира и ќе замине на начин каков што му доликува на еден таков борец.

Емилијаненко се збогуваше по 47 професионални борби во ММА светот, а притоа има 40 победи, шест порази и еден меч кој заврши нерешено.